Спогодба помеѓу РС Македонија и Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро

Сподели

 

Владата на вчерашната седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на РС Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.

Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку Охридското Езеро.

Спогодбата е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година, а нејзината цел е да се изврши непречна имплементација на стратешкиот проект „Охридското Езеро – поврзување на две земји кон една дестинација, финансирани од страна на Европската Унија како дел од новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија“.