Во БиХ ученик пукал во наставник

Сподели

 

Утрово во градот Лукавац – БиХ, се случи пукање од еден ученик кој пукаше кон вработен во училиштето. Тој е со тешка повреда, но е пренесен во болница и во моментов се оперира.

Босанските медиуми објавија и видео од приведувањето на осомничениот за пукањето во училиштето.

Како што пбјави Klix.ba, станува збор за ученикот Г.М.(2008), кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште. Ученик утринава вооружен дошол во училиште и го побарал Н.О. кому му пукал во глава.