ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 7 до 9 јуни се одржа курс за заштита на природата.
Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување.
Курсот го водеше Silke Oldorff одделенски менаџер на VDST и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од Сојузна Република Германија.
Курсот успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.
Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира и влезе во големото европско семејство за заштита на животната средина.
Низ секојдневните нуркања, нуркачите на Амфора ќе ја пратат состојбата на флората во Охридското Езеро и ќе алармираат пред се до Хидробиолошки завод и до NABU за одредени нарушувања.
За полесно препознавање на флората Амфора на поклон од NABU доби современ електронски микроскоп.
За реализација на курсот, Амфора доби голема поддршка од НУ Завод и музеј Охрид, Хидробиолошки завод и Општина Охрид.