Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на почетокот на месецот објави крај на кариерата, а сега поводот го објави преку социјалните мрежи каде остави трогателна порака.
„ Започна како сон. Сон кој беше невозможен, а за мене семоќен. Роден сум во Малме. Израснат во Амстердам. Во Торино станав помудар, а во Барселона, ЛАВ.
,, Лавот порасна во Милано и доби нови перспективи во Париз. Стекна издржливост во Манчестер, а се забавуваше во Лос Анџелес.
,, И тогаш конечно најде мир во новата татковина во Милано.
,, Јас сум создаден од тебе. А наследството што се надевам дека ќе го оставам се сите нови Златани што ги направив. Сите оние кои имаат лавовско срце. Сите оние со оган во очите. Сите оние кои вистински разбираат дека ништо не е невозможно. Ви благодарам за се“, рече Златан, а потоа му се обрати на својот голем пријател кој повеќе не е таму, а кој многу му значеше:
“Мино, успеавме! Возењето заврши. Беше неверојатно патување. Ми недостигаш”, му рече Ибрахимовиќ на својот пријател кој почина минатата година, Мино Раиола, познат фудбалски агент кој многу му помогнал во кариерата.
The post Емотивна порака до пријателот кој повеќе го нема – Ибра се сети на него ,, Возењето заврши, ми недостигаш,, first appeared on .
Powered by WPeMatico