(ВИДЕО) СЕНЗАЦИЈА ВО КЕЛН – Беа аутсајдери, а станаа Европски шампиони во ракомет!

Сподели

Loading

Ракометарите на Магдебург ја освоија титулата во ракометната Лига на шампиони, откако во финалето во Келн по продолженијата го совладаа полски Киелце со 30:29.

фото: IMAGO/VITALII KLIUIEV

Каи Смитс го предводеше германскиот клуб до нивната четврта титула Европски првак, прва по 2002 година, со осум гола, додека Гисли Кристијансон и Микаел Дамгор постигнаа по шест.

Во полскиот тим, кој и лани беше вицешампион на Европа, најдобар учинок имаше Алекс Дујшебаев со осум гола, а Дилан Њи и Аркадиуш Морито додадоа по пет гола.

Претходно во борбата за третото место Барселона го победи Пари Сен Жермен со 37:31 (22:13).

The post (ВИДЕО) СЕНЗАЦИЈА ВО КЕЛН – Беа аутсајдери, а станаа Европски шампиони во ракомет! first appeared on .

Powered by WPeMatico