Белградска филхармонија со маестро Зубин Мехта гостува во Скопје

Сподели

 

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува денеска, со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта, на кој ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.  

Гостувањето на Белградската филхармонија и славниот маестро Зубин Мехта во Скопје е закажано за 24 јуни, во 20 часот, во концертната сала на Филхармонијата.

Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.

Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни).

Маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето ќе биде негов 11 настап со овој оркестар.