Театар, работилници и музика на „Битола Шекспир фестивал“

Сподели

 

„Битола Шекспир фестивал“ годинава се одржува под мотото „Судбината за играчка не има“, реплика на Ромео со која се потврдува големината на Шекспир.

Фестивалот посветен на Шекспир викендов ќе биде отворен утре на 23.6.2023 г. во 20:00 часот, со претставата „Макбет“, компилациски проект на повеќе театри, во режија на Никита Миливојевиќ.

„Битола Шекспир фестивал“ годинава ќе се одвива во два дела, односно од 23 до 29 јуни.

На програмата се документарен филм „Во чест на великанот Шекпир“ на конзулката Лилјана Спировска, „Леди Макбет“ на Танцов театар Скопје, „Шекпир караоке реквием“ испит по авторска игра од класата на Дејан Пројковски, Универзитет Еуропа Прима и за затворање концерт на Мариа Жуао и „Електрик квартет“ од Португалија.

Според директорот на битолскиот театар, Иван Јерчиќ, вториот дел од фестивалот ќе се одржи во октомври кога ќе бидат изведени претставите „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец, а во продукција на театарот „Војдан Черондрински“-Прилеп и претставата „Денот на убиствата во историјата на Хамлет“, во режија на Марјан Неќак, продукција на НУ Народен театар-Битола.

Програмата на 9. издание на „Битола Шекспир фестивал“ ќе биде изведена на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, новата сцена на НТБ и во мала сала на НУ Центар за култура-Битола.