Само партии од Бугарија и ДПМНЕ – Левица се против Резолуцијата на Бундестагот. Откако стана кристално јасно дека Мицкоски не лобирал за Резолуцијата на германскиот Бундестаг ДПМНЕ почна да плука по неа, реагираат од СДСМ.
Што стои во усвоената Резолуција за којашто само ДПМНЕ – Левица и партии од Бугарија ја напаѓаат:
“Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.
Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“
Кој е заедничкиот интерес на ДПМНЕ со партии од Бугарија?
СДСМ, соопштение