Почина македонскиот реномиран археолог Ленче Јованова

Сподели

 

Археолошкиот музеј на Северна Македонија извести за смртта на македонскиот реномиран археолог, Ленче Јованова, која беше и претседателка на Управниот одбор на Археолошкиот музеј на РСМ од 2017 година.

Јованова остави значаен белег во македонската археологија како врвен експерт и посветен професионалец. Таа остави длабоки и неизбришливи траги во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Беше авторка на неколку значајни и незаменливи монографски изданија, изложби, каталози, кои преку нејзиното темелно и продлабочено знаење ја промовираат нашата археологија и античка историја во земјава и во светот.