„Здрава котлина“ со протест против рудникот „Иловица –Штука“

Сподели

 

Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект рудникот „Иловица-Штука“!
 
После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраво-разумните Луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен – ќе се бориме до крај, реагираат од Здружението Здрава котлина.
 
Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, (нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија!) од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да нѝ ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот!
 
Затоа, ги повикуваме сите поединци, граѓански здруженија, спортски, велосипедски, планинарски, моторџиски и разни организации од Струмичката Котлина, од Југоистокот и од цела Македонија на ПРОТЕСТНА БЛОКАДА во Струмица!
 
Блокадата ќе се одржи на 15 јули, (сабота) со почеток во 11.00 часот, на раскрсницата на центарот во Струмица веднаш до градскиот пазар „Глобал“.
Време е да ја земеме судбината во свои раце и јасно да им ставиме на знаење дека никаков рудник за злато и бакар нема да има во Иловица-Штука! – повикуваат од од Здружението Здрава котлина.