Општина Гостивар формира Центар за згрижување и заштита на жртви на насилство

Сподели

 

Општина Гостивар објавува Јавен Повик за прибирање предлози за Проектни иницијативи од граѓански организации со цел формирање Центар за грижа и заштита на жртвите на насилство.

Општина Гостивар за оваа намена од буџетот на општината издвои 1.200.000 денари, додека на овој повик можат да се пријават сите здруженија со седиште во општина Гостивар, а за повеќе детали околу критериумите, потребната документација и апликацијата можете да кликнете во www.gostivari.gov.mk..

Пријавувањето за поднесување апликации (пополнета документација) е петнаесет дена од 10.07.2023 до 28.07.2023 година, додека резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на www.gostivari.gov.mk.

За повеќе информации и дополнителни појаснувања, можете да се обратите до Комисијата за реализација на Јавниот повик во електронска форма info@gostivari.gov.mk.