Предложена резолуција во Сенатот: Септември месец на македонско-амириканско наследство

Сподели
 
 
Гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде низ светот, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, на нејзиниот профил на Фејсбук.
 
Предложената резолуција на републиканскиот сенатор Мајк Брон за месец септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство е огромна чест и признание за придонесот на македонските Американци во развојот на мултикултурното општество на САД.
 
Ова е резултат на пристапот на Македонците било каде во светот да учествуваат и бидат конструктивни градители на државите кои ги избрале за да го изградат својот дом.
 
Македонските Американци ги прифатија слободите на американското општество и се интегрирани во сферите на уметноста, науката, бизнисот, политиката, медицината, спортот и на други полиња како резултат на можностите да се биде рамноправен дел и да се учествува во остварувањето на граѓанските и верските слободи, основните човекови права за да се даде сопствениот придонес во развојот на заедницата.
Денес тоа е модел кој го избра и кон чие усовршување се стреми и нивната матична земја и татковина како општество во кое секој ја заслужува својата шанса, посочи Костадиновска Стојчевска.