“120 ГОДИНИ ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ – Документи и фотографии”

Сподели

 

На големиот празник Илинден, на Плоштадот во Охрид, на видео-бим, Државниот архив ја прикажа изложбата: “120 ГОДИНИ ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ – ДОКУМЕНТИ И ФОТОГРАФИИ”, која што беше претставена на манифестацијата  “ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА”, во револуционерното Крушево.
 
 
 
 
​Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.
 
 
 
 
На почетокот на видео-презентацијата на оваа изложба зборуваа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и раководителот на Државниот архив-Одделение Охрид, д-р Никола Митровиќ.
 
Државниот архив му изразува голема благодарност на г. Михајло Филев за неговата поддршка и ангажман околу реализацијата на овој проект.