Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Турција

Сподели

 

Најмалку 23 лица се повредени во четвртокот вечерта во јужна Турција во земјотрес со јачина од 5,3 степени.

Центарот за следење на земјотресот во Истанбул извести дека земјотресот се случил во четвртокот во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јешиљурт во провинцијата Малатија.

Турскиот министер за здравство изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од падови или скокови од голема височина.