„МакеДокс“ од вечер на четири локации во Скопје

Сподели

 

Со проекција на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија), проследени со концерт на локалната група „Искра“, вечер во Куршумли ан, во 20:00 часот,  почнува 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Тематски фокус на Фестивалот, кој под мотото „#пресечи“  ќе се одржува до 24 август,  ќе биде монтажата на документарниот филм.

Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории:  Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програма за деца и младинци. Земја во фокусот годинава е Данска.

Фестивалот ќе се одржува на четири локации: Куршумли ан, платото пред Музејот на Северна Македонија, Младинскиот културен центар и Сули ан, додека мастерс-класовите ќе се одржат во Даут-пашиниот амам.