Со изложба на уметнички дела од Марија Светиева, во Кавадарци започна 27. издание на Ликовната колонија ,,Михајлово 2023“.
Според ликовниот уметник Владимир Темков, куратор, дваесет и пет уметници од повеќе држави во следните неколку дена ќе творат во вилата ,,Моклиште“ и прекрасната околина на Кавадарци.
Настанот е во организација на Домот на културата ,,Иван Мазов-Климе“, со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа.