Позната полската актерка, филмска режисерка и продуцентка Малгоржата Потоцка (1953), која во средината на 70-те години живеела во Скопје, инспирирана од учеството на Полска во обновата на Скопје и изградбата на Музејот на современата уметност, го режираше филмот „Екран за Скопје“ (1985), кој подоцна му го подари на нашиот музеј.
Ова видео продуцирано од полското „Education Film Studiо„ и Вардар филм Скопје во траење од речиси половина час е збирка на претстави, интервенции и кратки филмови од современи уметници и е дел од изложбата „Дефрагментација“, со дела од колекцијата на МСУ, која можете да ја погледнете до средината на септември.
Истиот филм е дел и од изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ во Кунстхале Виена со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.
Повелете да ги погледнете подарените 96 дела на 86 уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје.
Куратори на изложбата се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
Музејот е отворен од вторник до сабота од 10 до 17 часот и во недела од 9 до 13 часот.