Санкционирани се 421 возач за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 421 возач.
 
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 266 надвор од населено место. 
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.