Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на држават за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи.
Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 135 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.