Утврден е идентитетот на лицето со знамето на „Голема Албанија“

Сподели

 

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично – правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ.

По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело – А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.