Утрово министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, присуствуваше на стручниот онколошки колегиум на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно.
На состанокот се разговараше за новиот систем на работа на Клиниката воведен неколку месеци наназад, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
Лекарите на состанокот побараа да бидат заштитени од генерализирање на одговорност, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи.
Министерот изрази поддршка до лекарите и упати апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, поради оправданата загриженост по случувањата.
По средбата со лекарите, министерот Меџити на Клиниката разговараше со повеќе пациенти да не се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија.