Ковачевски: Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија

Сподели

 

“Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија!
 
32 години по прогласената независност, денешниот 8 Септември, го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
 
Денес, гласникот на слободата, 8 Септември, бара слух од сите нас, да одговориме на аманетот за континуиран развој. Повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации.
 
Граѓаните сакаат да живеат во современа држава, дел од Европската Унија со подобар животен стандард, врвна демократија и социјална правда. Ако некогаш било вистинското време да го обезбедиме сето ова, тоа е денес!”