Македонија го заврши учеството на ЕП 2023 во осминафиналето откако домаќинот Италија славеше со 3-0 (25:20, 25:12,25:15).
Го искористивме домашниот терен, стигнавме до две победи против (Данска, Црна Гора) и го освоивме четвртото место.
Објективно против Полска, Холандија и Чешка, одбојкарите немаа шанса за победа во Скопје. Четвртото место ја однесе Македонија во осминафиналето на најдобриот тим во А-групата, Италија.
Актуелните светски и европски шампиони, влегоа како фаворити во дуелот и ја покажаа класата. Македонија одлично им парираше на бранителите на круната во првиот сет кој го загубивме со 25-20.
Но потоа Италијанците фатија ритам и со убедлива разлика ги добија и следните два сета и обезбедија 1/4 финале. Таму ги чека Холандија која во пет сета беше подобра од Германија.
Капитенот Никола Ѓеорѓиев освои девет, а Александар Љафтов десет поени за Македонија. Кај Италија се истакнаа Даниеле Лавија со 15 и Алесандро Микелето со 11 поени.
Вчера се одиграа уште два меча од 1/8 финалето. Хрватска во драмата ја елиминираше Турција со 3-2 иако имаше негатива од 0-2.
Украина без проблеми славеше против Португалија со 3-0.
Денеска 1/8 финалето ќе се комплетира со мечевите, Србија-Чешка и Полска-Белгија.
The post (ВИДЕО+ФОТО) Македонија не се предаде и со достоен пораз од Италија се прости од ЕП 2023! first appeared on .
The post (ВИДЕО+ФОТО) Македонија не се предаде и со достоен пораз од Италија се прости од ЕП 2023! appeared first on .
Powered by WPeMatico