Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за 1 денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,146 денари за килограм.
ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 90,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,5 денари, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83 денари, додека мазутот ќе биде 47 денари за килограм.