Марјан Стојаноски со изложба “Поглед во Недоглед” пред тиранската публика

Сподели

 

Вчера вечер, македонскиот скулптор и сликар Марјан Стојаноски се претстави пред тиранската публика со својата изложба на 18 дела, насловена како Поглед во Недоглед.

 

 

Неговите слики, нежни и колоритни, истовремено моќни, беа вистинско изненадување за посетителите. Покрај тиранскиот уметнички свет, присутни беа и амбасадорите од Франција, Австрија, Холандија, Саудиска Арабија, Алжир, Јапонија, дипломати од Кина, Србија и Црна Гора. Воодушевени од уметничките дела, разговараа со нашиот автор, изразувајки големи пофалби и восхит.

 

 

Овој пат, како што е редовна практика во македонскиот Киц Тирана да се претстави и некој наш производ, секој од посетителите доби подарок, Т,га за Југ, вино од винаријата Тиквеш.