Министерството за економија испратило предлог до Владата да се воведе забрана за акциска продажба и промоција на продукти од страна на синџирите маркети до 30 ноември, изјави министерот Крешник Бектеши.
“Од денеска започнуваме со носење на мерки со цел заштита на стандардот на граѓаните. Ќе за забранат акциски продажби во маркетите, а следната недела ќе предложам замрзнување на цените на прехранбените производи.
Замрзнувањето на цените ќе биде со најмалку 10% намалување на цените на сите прехранбени производи.
„Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи, и од страна на трговците и од страна на производителите, имајќи го во предвид намалувањето на цените на основните прехранбени производи на светските берзи, кои имаат голема разлика од цените што моментално се во нашата држава, вклучувајќи ги увозните цени и цените на суровини кога се прави споредба со она што било претходната година. Да, имаме намалување на инфлацијата споредбено со претходните месеци, но според нашите анализи има уште повеќе простор да се намалат овие цени. Сите завршни сметки, посебно на големите ланци на супермаркети, покажуваат дека тие немаат намалување на приходите, туку напротив имаат зголемување на приходите претходната година – година која беше најтешка година во делот на цените. Затоа Министерството за економија денеска до Владата достави предлог за забрана на нудење на акциска и промотивна продажба од страна на сите ланци на трговци до 30-ти ноември“, рече Бектеши.
“Министерството за економија нема да дозволи да се профитира на грбот на граѓаните во вакви кризни времиња. Кога има можност да се направат и профити и зголемување на приходи, а целиот цех да биде на товар на граѓаните”, додаде министерот.
Заедно со Државниот пазарен инспекторат ќе работиме со засилени контроли со цел да ги заштитиме потрошувачите, без селекција и без компромиси како и досега”, изјави Бектеши.