Забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во трговијата на мало

Сподели

 

Владата на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалаци, при нивно ставање во промет.

Оваа одлука е донесена согласно членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.