„Родителски фронт“ против родовата идеологија во наставните содржини во основното и средното образование

Сподели

 

Акцијата „Разбуди се“ ја започна Здружението на граѓани „Родителски фронт“ од Струмица.

“Со оглед на тоа, што по бројните реакции во јавноста, Бирото за развој на образованието го повлече спорниот учебник од својата веб страница, ние како загрижени граѓани, Ви го доставуваме во електронска форма.

Во него, ќе можете да ги и пронајдете прашалниците наменети за учениците за кои сметаме дека се штетни за нивниот развој (кои ги објавивме на нашите социјални страници) и кои водат кон индоктринација со родовата идеологија, која ќе предизвика конфузија и ќе создаде несреќна и изгубена младина.

Итовремено, Ве информираме дека РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ вечерва, 14.09.2023 година во 18 часот на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица, ќе одржи информативен собир на кој ќе ги запознае граѓаните зошто НЕ за родовата идеологија, барајќи ја поддршката од целата заедница за да се спречи, ова општествено зло да влезе во образовните курукулуми во основните и средните училишта”, реагираат од РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ.