Недела на германски филм во Кинотека: Вечерва “СЛЕДНАТА ВРАТА”

Сподели

 

ОТВОРАЊЕ НА НЕДЕЛА НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМ /15.09 – петок, 20:00 со филмот СЛЕДНАТА ВРАТА (Next Door / Nebenan)
 
15 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.
 
СЛЕДНАТА ВРАТА (2021) е црна комедија-драма во режија на познатиот германски и шпански актер Даниел Брул и сценарио на Даниел Келман, еден од најеминентните современи германски писатели и драматурзи.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Даниел Брул и Питер Курт. Филмот ја имаше својата светска премиера на 71. Меѓународен филмски фестивал во Берлин во 2021 година.