Битола ќе блесне во чест на „Браќата на светлината на Балканот“

Сподели

 

Убавата Битола овој викенд ќе блесне во чест на „Браќата на светлината на Балканот“.
 
 
 
 
Градот на конзулите го слави Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој е првиот и најстар филмски фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите. Со „Камера 300″ браќата Манаки – Јанаки и Милтон биле првите филмски сниматели, основачи на кинематографијата на Балканот.
 
Да ја славиме заедно кинематографијата со најсовремените објективи кои го редефинираат визуелното раскажување приказни.
 
„ПРЕКРАСНОТО НЕПОЗНАТО“, ново креативно решение за овогодинешното 44. издание на фестивалот збогатен со присуство на врвни кинематографи од целиот свет.
 
На следниов линк може да ја видите програмата на фестивалот