Приведен 18-годишник од Скопје кој прегази малолетничка

Сподели

 

Од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар лишен е од слобода М.С.(18) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 30.08.2023 околу 22.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, со претходно противправно одземено патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен скопјанец, удрил во малолетничка од Скопје, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде биле констатирани тешки телесни повреди, a подоцна им подлегнала на повредите. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по преземени мерки и активности и добиени резултати од спроведените анализи е утврдено дека М.С. го управувал возилото за време на несреќата и во координација со јавен обвинител за него е пуштен распис.

Исто така, лицето се сомничи дека извршило и неколку кривични дела “кражба” и “тешка кражба” од објекти на подрачјето на ЕВР Карпош.

Од страна на Одделението за увид на сообраќајни незгоди, Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје против него ќе бидат поднесени пријави за кривично дело “одземање на моторно возило” по член 242, “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело “неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода” по член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека од  страна на ЕВР Центар и Бит Пазар за сторени кривични дела “тешка кражба” по член 236 и “кражба”, по член 235 од Кривичниот законик. Од страна на судија на лицето му е изречена мерка притвор од 30 дена.