Изложба „Копнежот на светлината“ на Душан Коцев во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Сподели

 

„Копнежот на светлината“ е насловот на изложбата на слики од Душан Коцев што ќе биде отворена вечер (29 септември) во 19 часот во ликовниот салон при  ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 20-ина уметнички слики изработени во акрилна техника на платно.

Радовишанецот Душан Коцев годинава остварува 30 години активно творештво. Досега реализирал четири самостојни изложби, учествувал на над  35 групни изложби во земјава и во странство, а осум години е организатор и  на меѓународната Радовишка ликовна колонија.