УНГАРИЈА СО УШТЕ ЕДНА ОГРАДА ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА ОД НОВ ПРИЛИВ НА БЕГАЛЦИ

Сподели

Заради заштита и прилив на нови бегалци, Унгарија планира да изгради уште една ограда на својата јужна граница со Србија, за да го спречи влегувањето на мигранти, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој рече дека новата ограда, која ќе биде изградена покрај веќе постојната, ќе ја зајакне одбраната за да се спречи евентуалниот прилив на стотина илјади лица, доколку се промени турската политика кон мигрантите.

– Во тек се техничките подготовки за подигнување обемен одбранбен систем покрај постојната линија на одбрана, која минатата година беше брзо изградена – рече Орбан.

Оградата, подигната долж унгарската јужна граница со Србија и со Хрватска, значајно го намали приливот на мигранти.