ЈП Лајка организира „Изложба на вдомени кучиња“ по повод 3-от роденден

Сподели

 

По повод 3 роденден, ЈП Лајка организира „Изложба на вдомени кучиња“ на ден сабота, 14.10.2023 од 11:00-15:00 часот, во Градски парк, Школка.

Доколку сакате да земете учество потребно е да ја пополните следната апликација.
https://forms.gle/ouLdCKBNRZLvWsQn9

На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.

Со овој настан заедно со вас, можеме да покажеме дека и мешаните и вдомените кучиња се одлични домашни миленици. Секое едно куче заслужува еднаква шанса за дом, а се надеваме дека на овој начин повеќе граѓани ќе се одлучат да вдомат куче.

За музика се задолжени DJ TINA & DJ TORTA, нашите спонзори спремија многу интересни изненадувања.

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 11.10.2023, 16:00 часот. 
Сите кучиња кои нема да бидат пријавени по пат преку оваа апликација нема да имаат право на учество.