Арсовска потпиша ратификација за Европски младински олимписки игри во Скопје 2025

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во Истанбул на 52-то генерално собрание на Европскиот олимписки комитет, официјално ја потпиша ратификацијата за одржување на Европските младински олимписки игри во Скопје 2025 година со раководството на Европскиот олимписки комитет и Македонскиот олимписки. На Европските младински олимписки игри во Скопје се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 14 олимписки спортови.
 
 
 
 
 
– Особена чест ни претставува што ќе бидеме домаќини на ваков реномиран меѓународен спортски настан. Посветено работиме да потврдиме дека Скопје секогаш е добар домаќин и одличен организатор, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација и промоција на нашиот град како спортска и културна дестинација. – рече Арсовска.
 
Градоначалничката Арсовска истакна дека организацијата на настанот е и одлична можност со поддршка на ЕУ да инвестираме во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе ги подобриме условите за спортување на младите генерации успешни спортисти. По изборот на Град Скопје за Европска престолнина на културата 2028 ова претставува уште еден огромен успех за градот. Како на домашен така и на меѓународен план Град Скопје продолжува да работи на остварување на заложбите и програмските определби за остварување на проектите кои се дел од програмата.