24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

На 11.10.2023 во 14.10 часот на ул.„Младинска“ во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Б.М.(18) од Свети Николе. Тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети екстази и пари. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 11.10.2023 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода К.Р.(24) и Л.Р.(22), двајцата од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, во просториите кои ги користат биле пронајдени и одземени околу еден килограм и 300 грама марихуана и дигитална вага. Двајцата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  11.10.2023 во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.И.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект во Куманово и одзел повеќе предмети. Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.10.2023 околу 22.50 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.А.(24) од тетовски Порој и И.А.(31) и М.И.(22) од гостиварско Чегране. М.А. бил затекнат при продажба на кокаин на двајцата чегранци. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на М.А., при што биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2023, полициски службеници од ОВР Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом во с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, сопственост на А.Д.(40) од Македонска Каменица. При претресот биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По комплетирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2023 во 13.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(22) од с.Раштани, велешко и Н.Т.(23) од Велес. Откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била пронајдена марихуаната. Лицата биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2023 во 14.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 54-годишниот гостиварец Ќ.С.. Тој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово. Набргу, тој бил спроведен во установата за издржување на казната.

Денеска (12.10.2023) во 04.05 часот во с.Ново Село-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(20) од скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.10.2023 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.            
                       
На 11.10.2023 во 17.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Х.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.10.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.10.2023 во 21.00 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.(38) од РепубликаТурција затоа што околу 18.30 часот на Граничниот премин Богородица , при гранична контрола било констатирано дека швајцарската лична карта што ја дал на увид била фалсификувана. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветна пријава.  

На 11.10.2023 во 18.10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при извршена проверка на патничко моторно возило „мерцедес“ со американски национални ознаки, управувано од З.С.(58) од САД, било констатирано дека вин бројот на возилото и вин бројот на сообраќајната дозвола не се совпаѓа. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 11.10.2023 во 21.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при извршена проверка на патничко моторно возило „бмв“ со унгарски национални ознаки, управувано од Б.Л.(52) од Косово, било констатирано дека вин бројот на возилото бил фалсификуван. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.  
 
Денеска (12.10.2023) во 01.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода  Ј.А.(43) од Република Турција. При извршена пасошка контрола било констатирано дека бугарската лична карта и бугарската патна исправа, кои ги дал на увид, биле фалсификувани. Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека документите ги купил од едно лице од Истанбул за сума од 7000 евра. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.        

Во текот на вчерашниот ден (11.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 409 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 237 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, осум санкции за управување под дејство на алкохол, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење…

На 11.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 61 прекршоци, од кои 28 надвор од населено место и 33 во населено место (Свети Николе – 18, Пробиштип – 15, Берово- 10, Делчево – 8, Штип – 6 и Кочани – 4).

На 11.10.2023 во 06.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила-Будаково, кај с.Радобор, патничко моторно возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.А.(42) од с.Будаково, општина Могила, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, а увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 11.10.2023 во 12.10 часот во СВР било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „сим“ управуван од О.И.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.10.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Нобелова“ во Штип, М.А.(46) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во малолетен велосипедист. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
         
На 11.10.2023 во 18.10 часот во Полициската станица Центар, И.С.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Орце Николов“ била касната од куче скитник.