ФК “Вардар” доби нов фудбалски терен за младинската школа

Сподели

 

ФК “Вардар” доби свој дом во Аеродром – пуштен е во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот.
 
 
 
 
“Официјално го пуштивме во употреба новиот фудбалски терен кој Општина Аеродром со поддршка од приватниот сектор целосно го реконструираше и го стави на користење на фудбалскиот клуб Вардар, за потребите на младинската школа. Вардар, Комити и младите фудбалски таленти отсега имаат свој дом во Аеродром и со ова Аеродром е првата општина во Скопје која дава поддршка за црвено – црните, клубот кој е национална и спортска гордост на Македонија”, изјави градоначалникот Муцунски.
 
 
Теренот е лоциран во непосредна близина на СЦ Јане Сандански во населбата Аеродром, а првиот ревијален натпревар ќе биде одигран денес, помеѓу младинските екипи на ФК Вардар.
 
“Нашите млади категории ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг, најдобрите услови за напредок, а најважно од се е дека ова е само почеток на сето она што имаме за цел да го направиме. Сè за нашиот Вардар!” – изјавија од ФК Вардар.