Од полноќ нови цени на горивата

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Екстра-лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе чини 81,5 денари за литар, 98-октанскиот бензин ќе се продава за 84 денари за литар, поскапува и дизелот за 2 денари за литар.

Екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продава за 82,5 денари за литар, а поскапува и мазутот од кој килограм ќе чини 47,174 денари.