Вучиќ и Курти денеска во Брисел

Сподели

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел ќе имаат одвоени средби на кои ќе разговараат со европските претставници кои посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград изјави дека денеска во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ, Германија, Франција и Италија за предлогот на „големата петорка“ за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и изрази надеж дека средбата ќе помине во добра атмосфера.

Вучиќ изјави дека Курти рекол дека го прифатил планот на „големата петорка“, кој вклучува формирање на ЗСО, „како основа“.

ЕУ очекува и од Белград и од Приштина да продолжат да работат на деескалација на состојбата и веднаш и без предуслови да го обноват дијалогот.