„Once upon a time in the east“ – изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам

Сподели

 

„Once upon a time in the east“ е насловена изложбата на дела од ликовниот уметник и скулптор Томе Аџиевски. Изложбата ќе биде отворена денеска во 19:30 часот во Националната галерија – објект Чифте амам.

Аџиевски ќе се претстави со скулптури и мултимедијални дела кои содржат лим, каширана хартија, пластика, метал, спирали од стари душеци, картони, облека, мермер и др.

Изложбата, под кураторство на Франговска, виш кустос во Националната галерија, ќе биде отворена за јавноста до 29 ноември.

Томе Аџиевски е еден од уметниците на т. н. средна генерација современи уметници кои се појавуваат во 90-тите години (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1983 година). Контроверзен, но моќен, раскошен, но некогаш и оспоруван, Аџиевски отсекогаш со особена вештина создава дела кои имаат исклучителни просторно-естетски специфики.