Одборот за доделување на државната награда “22 Ноември” согласно Законот за државните награди, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда “22 Ноември“ во 2023, за признание на луѓе кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот.
Наградата им се доделува на Агим Винца, истражувач и писател и Амет Селмани, писател.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември 2023 година, во Собранието на Република Северна Македонија.