Премиерот Ковачевски го пречека Столтенберг со највисоки почести

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска со највисоки почести на платото пред Владата, го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета, за прв пат откако нашата држава е членка на НАТО.

 

 

Во работниот дел од агендата е предвидена тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со генералниот секретар Столтенберг, по што ќе се одржи билатерална средба на двете делегации, на која што од македонската Влада, покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

Во рамки на агендата, по завршувањето на билатералната средба ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.