Џафери: Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!

Сподели

 

Претседателот Џафери по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука упати честика до припадниците на албанската заедница во РС Македонија.

“Во име на пратениците во Собранието и во свое лично име упатувам искрени и срдечни честитки по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука до сите Албанци во РС Македонија и насекаде каде не има распространети низ светот.

Најсилното орудие на еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме албанскиот јазик, албанската култура, обичаи, посебности и фолклорните традиции го започна својот пат пред точно 115 години на Битолскиот конгрес, на кој се собра интелектуалниот врв на Албанците и донесе одлука за азбуката која стана катализатор на интелектуалното, културното и уметничкото издигнување на Албанскиот народ, но над сѐ, наш идентитетски знак.

Ние, како одговорни политичари, имаме обврска да го чуваме и надградиме тој аманет на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаме а младите генерации треба да ја знаат вредноста на жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамништето на етаблирани светски нации со цврст и неоспорен идентитет. Јазикот е моќна алатка која не обединува помеѓу себе, а во Република Северна Македонија, како земја во која се негуваат и почитуваат сите различности, тоа е додадена вредност која обединува и луѓе и идеи, придонесува во напредокот и развојот на државата.  

Драги сограѓани, Ви посакувам празникот да го поминете во убава и свечена атмосфера а убавиот збор нека биде водилка во нашето секојдневие. Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!”