Ретроспектива на Петра Пан филм продукција во Кинотека

Сподели

 

Во рамки на месецот на европски филм, од 24-ти до 28-ми ноември, ретроспектива на Петра Пан филм продукција. Влезници по цена од 150 денари на билетара во Кинотека.
 
Програма:
 
24.11. | петок | 18:00 БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА + Q&A
Интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Ќе отпатуваме во Словенија, Македонија и Куба. Преку емотивни и комични елементи, овој филм нè воведува во верувањата во три различни идеологии.
 
24.11. | петок | 20:00Т ЕЛО + Q&A
ТЕЛО е трогателна долгометражна приказна на режисерката Петра Селишкар која опфаќа две децении од чудесниот живот на Уршка, блиска пријателка на режисерката Селишкар, додека се бори со ретки автоимуни болести.
 
25.11. | сабота | 18:00СЕ  ПРАШУВАМ КОГА ЌЕ ТИ НЕДОСТИГАМ
СЕ ПРАШУВАМ КОГА ЌЕ ТИ НЕДОСТИГАМ е драмедија, бајка која се занимава со клучни теми – како што се тинејџерската нелагодност, важноста на волјата и моќта на сонот – раскажана со реализам и поезија.
 
25.11. | сабота | 20:00 МОЈОТ ПРЕВРТЕН СВЕТ + Q&A
Музички документарец за сестран уметник со сериозно оштетување на мозокот наречено разум.
 
27.11. | понеделник | 20:00 ДЕНОВИ НА ЛУДИЛО + Q&A
Преку партиципативниот метод на снимање филм, приказната нè води низ деинституционализацијата и социјализацијата на ментално болните лица.
 
28.11. | вторник | 18:00 МАМА ЕВРОПА + Q&A 
Приказна за Европа видена низ очите на шестгодишната Терра. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и мајка со словенечки корени, малата Терра многу бргу учи што е тоа граница.
 
28.11. | вторник | 20:00АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ + Q&A 
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ одблиску ги следи почетоците на бендот „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.