Османи: Ова злосторство ќе биде најстрого казнето

Сподели

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство на семејството и најблиските за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

“Прераната смрт на Вања претставува ужасна трагедија која нѐ погоди сите нас. Моето искрено сочувство за семејството и најблиските; нашите мисли се со вас, иако сме свесни дека ништо не може да ја надомести вашата празнина.
Ова злосторство ќе биде најстрого казнето, за што сум убеден дека Обвинителството и Полицијата го имаат ставено целиот свој капацитет за внимателно и прецизно расчистување на случајот до најситниот детаљ.
Јавноста со право бара целосна транспарентност и отвореност. Колку и да е трагично или грозоморно, ние мора да се соочиме со сите мотиви и детали на овој случај; не само за да ги отстраниме бројните шпекулации и манипулации, туку и за да си дадеме шанса за општествено созревање, да ги едуцираме нашите деца, за да не заборавиме,” напиша министерот Османи на ФБ.