Празничната бајка на Плоштад Македонија започна со македонска музика и многу дарувања

Сподели

 

Многубројна публика, македонска музика, многу дарувања и одлична енергија, се само дел од вчерашната атмосфера на отварањето на празничниот базар, со која Плоштад Македонија блесна во полн сјај. Во центарот на Скопје од вчера владее новогодишна еуфорија. „Комората на музичка индустрија на Македонија“, во соработка со „Град Скопје“ со посебна радост ги дочекаа сите посетители и им посакаа одлична забава во претстојните две недели.
 
 

 

Младите талентирани музичари од Дајте музика, ја имаа честа да го отворат празничниот базар и со нивниот енергичен настап ја воодушевија детската публика и ги освоија срцата на возрасните. Членовите од бендот Брастет Скопје приредија одлична едночасовна забава. За крај на вечерта публиката уживаше во настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд и едногласно ги пееја неговите најголеми хитови.

Исто така се доделија многу новогодишни подароци, а дел од публиката учествуваше и во наградната игра. За одличната атмосфера во текот на фестивалската вечер, се погрижи единствената Лила Филиповска.

Градоначалничката Данела Арсовска со посебно задоволство се обрати до сите посетители, им посака добра забава, многу здравје и среќа во Новата година.

Забавата продолжува и вечерва со детска новогодишна претстава од 18:00 часот, со настапите на ЕРА ѕвездите Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар и Даниела Темелковска. Публиката повторно ќе има можност да учествува во наградна игра и најсреќните ќе си заминат со многу подароци и одлични спомени.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат и Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и преставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.
 
Низ празничниот базар ќе ве водат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол подготвија празнична бајка во центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар и заедно да создаваме спомени.