“Прв до врв” организира Бадник на Водно

Сподели

 

Дружењето во 2024 “Прв до врв” го започнува со традиционалното искачување до врвот на Водно на Бадник, на 6 јануари.
 
“Ги покануваме сите пријатели на Прв до врв, спортските ентузијасти и љубители на планината, планинари, велосипедисти и рекреативци, да ни се придружат на заедничко одбележување на Бадник, на Водно.
Заедно ќе кршиме лебче со париче за да добиеме нов кум, а кумството ќе го предаде кумот за изминатата година.
Традиционално, со секое лепче даваме гратис учество за Прв до врв Водно на 19 мај. Значи, на еден/на ќе му се падне паричето, но на сите ќе им се падне ваучер за учество на Прв до врв.
За да ве планираме во бројот на парчиња во погачата и бројот на ваучери, потврдете ни во порака дека ќе присуствувате на настанот.
Да ја започнеме годината со здрави навики и да уживаме во заедничкото искачување на Водно.”
 
Настанот нема натпреварувачки карактер, информираат од Прв до врв.