Ахмети: Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија

Сподели

 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа порача дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија.

„Тој се меша во политичката сцена на Албанците. Еди Рама на пример, не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, вложи напори да ги зближи партиите во Северна Македонија и јас сум благодарен сум за таквиот пристап“, изјави Ахмети на гостувањето во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.

На констатацијата дека Курти ја поддржува албанската опозиција тој вели дека не знае дали „Самоопределување“ е регистрирана партија, но е запознат дека „интерес пројавиле многумина од меѓународната заедница“.

-Ова е демократија, ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност на Косово? Како објаснувате? Ме оставија без зборови, одговара Ахмети.