“Пикник на фронтот” во Драмски театар

Сподели

 

Автор: Фернандо Арабал
Режија: Андреј Цветановски
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Раде Василев
Композитор: Димитар Андоновски
Улоги:Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Даница Илиева
Премиера: 28.11.2023г.
 
Војната е чудовиште кое голта се пред себе, земји, градови, населби, квартови, згради, фамилии, луѓе… И не застанува пред ништо. Од тој момент сите амбиции, желби, соништа стануваат далечни и нормалниот живот како и да не постоел, само потребата да се преживее. Оваа претстава е за такви луѓе, на кои им е смачено да живеат по правилата на преживување, туку сакаат да си играат со животот и да се обидат од војната да направат своја игра која ќе им биде терапија. Низ нивната приказна да раскажат колку е војната страшна, секогаш завршуваат во своите трауми од војната и настанот кој што ги одредил како луѓето кои се сега, или лушпи од тоа што биле порано. Низ борбата да се остане човечен и да се сонува ќе ја раскажеме приказната за тие сенки од луѓе кои сеуште се обидуваат да опстојат. Бидејќи деновиве додека се работат последните проби на оваа претстава, во Македонија се подготвува Самитот на ОБСЕ, би сакал да ги поканам сите државници од „цивилизираниот“ свет да ја погледнат претставата, можеби, само можеби, така ќе имаме помалку лушпи од луѓе заради неа, заради војната.
(Андреј Цветановски)