„Кризата игра“ – изложба на Игор Станоески во МКЦ

Сподели

 

Во галеријата на МКЦ денеска (22 јануари) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Кризата игра“ на уметникот и музичар Игор Станоески – Иги ман.

Како што информираат од МКЦ,  изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста.

Игор Станоески (Иги ман) е мултимедијален автор, музичар, композитор аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Завршува средно училиште за применета уметност – отсек применето вајарство, а дипломира во 2013 година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески. Досега има изложувано во повеќето галериски простори низ Македонија, како и надвор од државава.

Изложбата „Кризата игра“ ќе биде поставена во галеријата на МКЦ до првите денови од февруари.